Веројатно уште долго ќе се анализира финишот од натпреварот меѓу Црвена Звезда и Жалгирис во кој домашниот тим остана без победа иако таа му беше исклучително неопходна во борбата за пласман во плејофот.
На 15 секунди пред крајот, при изведување топка од страна, впечаток е дека играчот на Жалгирис, Кинан Еванс ја згазна линијата од средината на теренот што значи враќање во задно поле и топката требаше да им припадне на домашните играчи.
Судиите, сепак, не реагираа, па во продолжение од акцијата Жалгирис доби две слободни фрлања и со тоа го реши победничкиот на мечот. Кога присутните во белградската Арена го видоа спорниот момент на големиот семафор, тотално побудалеа, почнаа да летаат предмети кон теренот, а судиите едвај заминаа во соблекувална.


