Лос Анџелес ја прекина серијата од шест победи откако ноќеска загуби на гостувањето кај Јута со 119-131.
По релативно израмнетото прво полувреме, клучната предност Јута ја направи во третиот период во кој водеше и со 25 поени разлика (98-73). Во такви услови, домаќините само рутински го одработија остатокот од натпреварот и стигнаа до само 13. победа оваа сезона.
Тандемот Леброн-Дончиќ беше далеку од посакуваното и очекувано ниво и го доживеа првиот пораз веќе на вториот заеднички натпревар. Леброн постигна 18, а Дончиќ 16 поени со тоа што Словенецот беше неизвесен за овој настап поради мала повреда и на теренот помина само 23 минути.
Прв играч на мечот беше Лаури Марканен кој постигна 32 поена, а интересно е тоа што Јута ги имаше најдобрите тројца стрелци на мечот.


