Лос Анџелес Лејкерс ноќеска загуби од Феникс со 114-118 во претсезонски натпревар, но резултатот остана во втор план бидејќи на него беше испишана нова страница во историјата на НБА.
Иако се работи за претсезонски, односно неофицијален меч, Леброн и Брони Џејмс станаа први татко и син кои се најдоа во иста екипа на теренот. Кога ќе почне сезоната во НБА, остварувањето само ќе се потврди и ќе биде запишано во историјата на најсилната лига во светот.
The first father-son duo to share the court in NBA history: LeBron and Bronny James.
— JayOnSC (@JayOnSC) October 7, 2024
•••
(🎥/📸: @NBA, @KingJames) pic.twitter.com/bgGXGed7Fy
Леброн наскоро ќе ја почне својата 22. сезона, а во декември ќе наполни 40 години. Брони во јуни беше избран од Лејкерс како 55. пик на драфтот откако една сезона помина на Уинверзитетот Јужна Калифорнија. Дуелот против Феникс, Леброн го заврши со 19 поени, 5 скока и 4 асистенции, додека Брони не успеа да постигне поени и оствари само 2 скока за 13 минути.


