Милош Теодосиќ блескаше во финалето од српскиот Куп и е најзаслужен што Црвена Звезда четврти пат по ред триумфираше во ова натпреварување.
Тоа беше негов прв трофеј со тимот на Црвена Звезда откако ја засили екипата пред почетокот на оваа сезона, а вкупно трет во Купот бидејќи со ФМП го освојуваше во 2005 и 2007 година.
По триумфот во финалето, Милош Теодосиќ го зеде мегафонот и го поведе навивањето со фановите на Црвена Звезда со што најдобро покажа колку му значи оваа победа.


