Агонијата на Црвена Звезда на гостувањето кај Анадолу Ефес ја комплетира Милош Теодосиќ кој имаше излив на бес пред крајот на третата четвртина.
Прво направи неспортски прекршок, потоа доби две технички грешки и беше исклучен за на крајот да бара да се пресмета со судиите и останатите официјални лица. Од неговите гестикулации можеше да се забележи дека е незадоволен од односот на противничките кошаркари кои си прават атракции додека ја мелат Звезда и затоа направи лична грешка.
Поради неговите жестоки реакции кон противниците, доби една, па уште една техничка грешка и автоматски исклучување по што Теодосиќ тотално го загуби нервите. Му се внесуваше в лице на еден од арбитрите, туркаше друг, а не успеваа да го запрат ни неговите соиграчи.
Дури и при заминувањето во соблекувална имаше вербален дуел со навивачите кои го исвиркуваа и навредуваа.


