Во српските медиуми попладнево излезе снимката од инцидентот во белградската Арена во кој учествуваа играчите на Партизан и Црвена Звезда, Џејмс Нанели и Стефан Лазаревиќ.
Иако од неа не може точно да се види почетокот на тепачката, се чини дека Лазаревиќ прв почнува да комуницира со противничкиот играч. Тема на разговорот бил нивниот дуел од вториот меч кога Нанели го фати Лазаревиќ за врат. Медиумите тврдат дека Нанели, наводно, му рекол на Лазаревиќ дека и во иднина ќе го прави тоа и го опцул по што почнало меѓусебно туркање.
Америкнаецот прв го удрил противникот во пределот на левото око, при падот уште еднаш го закачил на истото место, а потоа се појавуваат играчите на двете екипи да спречат поголеми последици.
Од Партизан се жалат дека се скратени две минути од снимката од надзорните камери во салата кои можеби се круцијални во насока на откривање на вистинските причини за инцидентот.


