Подготвителниот натпревар што се одигра денеска во Кале, меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат во финишот поради масовна тепачка.
На видеото од инцидентот, може да се забележи дека тренерите на двете екипи се обидуваат да ја смират тензијата, но дел од навивачите не само што не го прифатија тоа, туку и долеаја масло.
Како што објавивме и претходно, најдебелиот крај го извлече капитенот на ТФТ, Едис Нури кој во исто време беше удиран од голем број навивачи на Чаир.


