Хрватските репрезентативци Ивица Зубац и Дарио Шариќ утринава биле инволвирани во физичка пресметка во познат ноќен клуб во Атина, а објавени се и видео снимки од она што се случувало таму.
Од она што може да се види, подебелиот крај го извлекол Шариќ иако Зубац го почнал инцидентот. Новиот играч на Денвер дотрчал да му помогне на својот соиграч од репрезентацијата, но притоа добил удар од кој ја загубил рамнотежата и паднал на подот, но не е исклучено да бил во алкохолизирана состојба.
Веднаш потоа, се гледа едно лице како му вика на Зубац да се смири што овој прифаќа и ги крева рацете во обид да ја смири тензијата. Неколку секунди подоцна и Шариќ станува и двајцата се истуркани надвор од клубот. Според информациите, не била повикана полиција.


