Првпат откако минатото лето си замина, Клеј Томпсон играше против Голден Стејт, тимот каде што ја почна својата кариера и чија легенда стана во претходните 13 години, освојувајќи притоа четири шампионски титули.
Беше планирано Кари да одржи говор за него пред публиката во Сан Франциско, план кој во последен момент е откажан, во договор меѓу двајцата кошаркари, но Голден Стејт со пригодно видео му посака добредојде. Томпсон сега е играч на Далас и, сепак, тој го отвори мечот откако беше фаулиран од Кари и погоди две слободни фрлања.
Klay Thompson is forever a legend in The Bay. pic.twitter.com/vuVGpTwTYg
— Golden State Warriors (@warriors) November 13, 2024
Враќањето на Томпсон донесе убав и атрактивен натпревар, на крајот славеше Голден Стејт со 120-117, но победникот не се знаеше до последните секунди. Вориорс доминираа, водеа и со 11 поени разлика, Далас се враќаше и на шест минути пред крајот на мечот, по тројката на Томпсон направи целосен пресврт. Во драматичната завршница, Голден Стејт пак го презеде водството благодарение на серијата од 10-0, а по двете слободни фрлања на Кари на 13 секунди пред крајот, поведе со 120-117. Лука Дончиќ во последниот напад имаше тројка за продолжение, но не беше прецизен и Томпсон си замина со пораз од своето прво гостување во Сан Франциско.
Кари одигра извонреден натпревар, постигна 37 поени со 9 асистенции и 6 скока, го следеа Куминга со 16 и Хилд со 14 поени. Дончичќ беше најдобар кај Далас со 31 поен.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Атланта 116-117
Детроит – Мајами 123-121
Орландо – Шарлот 114-89
Филаделфија – Њујорк 99-111
Милвоки – Торонто 99-85
Јута – Феникс 112-120
Голден Стејт – Далас 120-117
Портланд – Минесота 122-108


