Оклахома Сити Тандер уште од почетокот на сезоната ја оправдува фаворитската улога која и беше дадена.
Ноќеска, тимот предводен од Гилџес Александер ја оствари третата победа (3/0) и повторно со висока разлика, како што претходно ги совлада Денвер и Чикаго. Нова жртва на Тандер беше Атланта која како домаќин ја победи со 128-104.
Гостите доминираа цело прво полувреме, имаа предност и од 10 разлика, но со серија од 13-0 во третиот период, Оклахома ја презеде контролата над резултатот. До крајот на таа четвртина се играше израмнето за последните 12 минути домашниот тим да ги добие со 39-18 и да дојде до убедлив триумф.
Шеј Гилџес-Александер беше прво име на мечот со 35 поени, 11 скока и 9 асистенции, а Холмгрен ја потврди добрата форма од почетокот на сезоната и постигна 25 поени и 9 скока. Кај Атланта, која беше без Богдан Богдановиќ, Јанг заврши со 24 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Голден Стејт – ЛА Клиперс 104-112
Оклахома – Атланта 128-104
Бруклин – Милвоки 115-102
Портланд – Њу Орлеанс 125-103
Индијана – Филаделфија 114-118


