Италијанскиот стручњак Андреа Тринкиери како тренер на Жалгирис вечерва е гостин на Партизан, клуб кој го водеше од ноември 2018 до јули 2020 година, во доста тешки околности.
Со него освои два трофеја во Купот на Србија и еден во АБА Суперкупот, а навивачите не можат да му ја заборават посветеноста и желбата за успех во ситуација кога Партизан беше далеку од она што е сега и во српската и во регионалната и во европската кошарка. Токму затоа на секое негово гостување во Белград го скандираат неговото презиме и исклучок од тоа не беше ни вечерашниот натпревар.
Partizan fans welcome Andrea Trinchieri back to Belgrade 🗣️👏 pic.twitter.com/9riveABotE
— BasketNews (@BasketNews_com) December 3, 2024
Кога се појави на теренот, од трибините почнаа извици кон него што очигледно предизвика емоции кај италијанскиот стручњак кој дури и се расплака.


