Првиот пехар во сезоната замина во Милвоки откако Бакс ноќеска ја совладаа Оклахома со 97-81 во финалето од НБА купот.
Фактот што шампионот од 2021 година го остави најдобриот тим во Западната конференција на само 81 постигнат поен, најдобро зборува како одиграл Милвоки на овој меч. Блескаше Јанис Адетокунбо кој оствари трипл дабл со 26 поени, 19 скока и 10 асистенции за што заслужено беше прогласен за МВП, но огромна помош имаше од Дејмијан Лилард кој го заврши натпреварот со 23 поени.
Оклахома, која до овој меч се наоѓаше во серија од пет победи во низа, немаше решение во одбраната за фантастичниот тандем на противничкиот тим, но не се снајде ни во нападот. Најдобар доказ за тоа е фактот што првиот играч во тимот Шеј Гилџес Александер го заврши мечот со 21 поен, но со катастрофален шут од игра (8/24). Хартенштајн го предводеше Тандем со дабл дабл ос 16 поени и 12 скока, но тоа ни оддалеку не беше доволно за да се загрози победата на Милвоки кој најважниот чекор го направи во третата четвртина што ја доби со 26-14.

За триумфот во НБА купот, секој играч на Бакс доби по 515 илјади долари, додека на поразените кошаркари им припаднаа по 206 илјади. Милвоки му се придружи на Лос Анџелес Лејкерс како втор тим кој триумфирал во НБА купот.


