Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ го оствари 12. трипл дабл сезонава, но тоа не беше доволно за победа на неговиот тим на гостувањето кај Бостон.
Селтикс славеа со 138-110 за десетти триумф во низа, а Дончиќ постигна 37 поени, 12 скока и 11 асистенции. Домаќините постојано беа во предност речиси цел натпревар, но до средината на третата четвртина разлика беше достижна. Тогаш Бостон отиде на +14, а последниот период го доби со 36-20 за на крајот да дојде до убедлив триумф.
Дончиќ повторно имаше мала помош од соиграчите бидејќи далеку зад него остана Кајри Ирвинг со 19 и Вашингтон со 17 поени. Кај Бостон, прв стрелец беше Џејсон Тејтум со 32 поена, а Браун додаде 25.
За Далас ова беше трет пораз во последните четири натпревари поради што остана во плејин зоната. Бостон и натаму е убедливо најдобар тим во лигата со биланс 47/12.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Кливленд 100-110
Филаделфија – Шарлот 121-114
Бостон – Далас 138-110
Торонто – Голден Стејт 105-120
Мемфис – Портланд 92-122
Минесота – Сакраменто 120-124
Њу Орлеанс – Индијана 129-102
Чикаго – Милвоки 97-113
ЛА клиперс – Вашингтон 140-115


