Уникс ја победи ЦСКА во дербито на ВТБ лигата, а централна фигура на мечот беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Нашиот кошаркар беше апсолутно незадржлив за противничките играчи на кои им даде 38 поени со фантастичен ефект од игра и само едно промашување.
Освен што беше максимално ефикасен, Димитријевиќ ја „бушеше“ како сака одбраната на ЦСКА и потврди дека е еден од најдобрите играчи во ВТБ лигата сезонава.


