АБА шампионот Партизан доживеа пораз од Баерн со 78-79, а клучниот момент на мечот се случи во последната секунда од натпреварот.
По кошот на Френк Камински на 49 секунди пред крајот, Партизан имаше +4 (79-78) и се чинеше дека го скрши отпорот на Баерн, но на сцена стапи Силвен Франсиско. Прво изнуди две слободни фрлања кои ги реализира, а во последниот напад погоди тројка преку Френк Камински за пресврт и победа на неговиот тим.
Овој триумф го враќа Баерн во трката за пласман во плејинот, но мора во следното коло да ја победи и Црвена Звезда на домашен терен за да остане во игра.


