Иако имаше негатива од 22 поени разлика, Денвер Нагетс го победи Торонто со 125-119 и се доближи на само еден триумф од првото место на Западната конференција.
Во вториот период, Репторс водеа со 64-42 и 66-44, во третиот беше +21 (85-64), но потоа се запали шампионската машина. До крајот на третата четвртина Денвер веќе намали на 93-98, а водството го презеде кон средината од од последниот квартал (108-107). Последен пат Торонто беше во игра во финишот, кога намали на 119-121, но во следниот напад Портер погоди тројка и ги уништи надежите за сензација на гостинскиот тим.
Повторно, убедливо најдобар играч на натпреварот беше Никола Јокиќ кој го оствари 21. трипл дабл во сезоната, постигнувајќи 35 поени, 17 скока и 12 асистенции, плус 6 украдени топки. Мареј додаде 26 поени и 12 скока, а Гордон и Портер завршија со по 12 поени.
Кај Торонто, најдобар беше Берет со 26 поени, 9 асистенции и 7 скока, а Олиник додаде 24 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Шарлот 114-97
Кливленд – Феникс 111-117
Чикаго – Далас 92-127
Сан Антонио – Голден Стејт 102-112
Денвер – Торонто 125-119
Портланд – Бостон 99-121


