Оклахома Сити Тандер го искористи киксот на Кливленд и со триумфот против Портланд на гостински терен со 118-108, во единствениот натпревар од ноќешната програма, се издвои како тим со најдобар биланс во моментов во НБА лигата.
Повторно главна ѕвезда беше Шеј Гилџес-Александер кој потврди дека со право е топ-кандидат за МВП признанието. Канаѓанецот постигна 35 поени, далеку најмногу од сите во неговата екипа, имајќи предвид дека зад него беше Вилијамс со 24.
Клучна се покажа втората четвртина која Оклахома ја доби со 39-26 и покрај тоа што во финишот Портланд се доближи на само пет поени негатива (88-93). Вилијамс потоа погоди тројка за +8, по што гостинскиот тим повторно се одвои на +15 (105-90).
Во екипата на Портланд најефикасен беше Дени Авдија со 28 поени, но забележителен настап имаше и белгискиот кошаркар Тумани Камара кој постигна рекорди во кариерата 25 поени.


