Откако пред два дена ја загуби битката на џиновите со Чет Холмгрен, Виктор Вембанјама одигра извонреден натпревар Јута Џез и е најзаслужен за победата со 106-88.
Францускиот кошаркар го имаше на секој дел од теренот, а оствари и нешто што во кариерата им успеало на само двајца кошаркари: Хаким Олајџувон и Андреј Кириленко – да постигне најмалку пет поени, скокови, асистенции, блокади и украдени топки (5х5). Вембанјама го заврши мечот со 25 поени, 9 скока, 7 асистенции и по 5 блокади и украдени топки.
Сан Антонио долго се мачеше на овој меч, речиси цело прво полувреме беше во негатива, но резултатот го сврте во своја корист благодарение на серијата од 12-0 во третиот период. Во натамошниот дел од натпреварот Јута снема сили, па на крајот излезе и убедлив триумф на гостинскиот тим.
Покрај Вембанјама, се истакна и Пол со 19 поени, 10 асистенции и 7 скока. На другата страна, Колин Секстон реализира 16 поени, а Кијонте Џорџ 15. Сан Антониот сега има биланс 2/3, додека Јута се уште ја чека првата победа во новата сезона.
РЕЗУЛТАТИ
Мемфис – Милвоки 122-99
Далас – Хјустон 102-108
Јута – Сан Антонио 88-106
ЛА Клиперс – Феникс 119-125


