Половина година по смртта, во срцето на Аеродром е отворен спортски центар во чест на поранешниот кошаркар и вработен во МЗТ Скопје, Марјан Михајловски Мац.
Во обновата на центарот учествуваа неговите пријатели, со поддршка на Општината Аеродром и Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.
На денешното отворање присуствуваа и кошаркарите на македонскиот шампион кои уште еднаш му се поклонија нивниот голем фан и еден од најпознатите личности во македонската кошарка.


