Поранешниот шампион Голден Стејт продолжува со променливите резултати и се уште е во жестока борба за пласман во плејинот.
Ноќеска, на домашен терен Вориорс загубија од Индијана со 111-123 во едно од своите најлоши шутерски изданија оваа сезона. Екипата на Стив Кер премногу се потпираше на шутот од далечина, играчите на Голден Стејт упатија дури 48 тројки, но таквата игра не даде резултат бидејќи погодија само 14 од нив.
Дури 18 удари одат на сметка на Стеф Кари кој промаши 12 пати од дистанца иако беше најефикасен во својот тим со 25 поени. Седум пати непрецизен беше Клеј Томпсон, а само Џексон Дејвис и Гери Пејтон не шутнаа барем еднаш за тројка.
Играчите на Индијана беа многу поефикасни од далечина, погодија 15 од 36 тројки и ја остварија третата победа во последните четири натпревари со што ја зголемија предноста пред Филаделфија во борбата за шестото место на Истокот. Тајрис Халибартон беше најефикасен со 26 поени, а се истакна и Паскал Сијакам со 25 поени и 16 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Бостон 102-129
Торонто – Оклахома 103-123
Мајами – Њу Орлеанс 88-111
Минесота – Кливленд 104-91
Сан Антонио – Мемфис 97-99
Голден Стејт – Индијана 111-123
Портланд – ЛА Клиперс 117-125
ЛА Лејкерс – Филаделфија 101-94


