Денвер Нагетс израмни на 2-2 во полуфиналето на Западната конференција по триумфот и во вториот меч како гостин против Минесота.
Тимот од Колорадо славеше како гостин со 115-107 и повторно ја имаат предноста на домашниот терен бидејќи од евентуалните три меча до крајот на серијата, два ќе играат пред своите навивачи. Куриозитет е тоа што од досегашните четири дуели, ниеднаш не славеше екипата домаќин.
Ентони Едвардс одигра уште еден фантастичен натпревар, постигнувајќи 44 поени, но шампионот имаше одговор за него. Клучната предност ја направи во првото полувреме кое го доби со 63-49, а највисоката предност ја имаше на стартот од третата четвртина кога поведе со 18 поени разлика. Дури во финишот на натпреварот, Минесота се доближи на 6 поени негатива, но никако не ја загрози победата на противникот кој делуваше мошне сигурно.

Јокиќ го предводеше Денвер со 35 поени, но изненадување беше Ерон Гордон кој го заврши натпреварот со 27 поени, 7 скока и 6 асистенции. Едвардс ја немаше потребната помош од соиграчите затоа што втор стрелец во тимот беше Конли сосамо 15 поени.
Израмнето, 2-2 е и во серијата меѓу Индијана и Њујорк откако Пејсерс на домашен терен го прегазија Њујорк со 121-89. Можеше да биде и поубедливо бидејќи на стартот од последната четвртина, предноста на Индијана изнесуваше и 43 разлика.


