Атланта Хоукс е на само чекор од обезбедување пласман во плејинот, по четвртата победа во низа и втора против Бостон во период од само три дена.
Слично на претходниот меч, одигран во понеделникот, тимот од Џорџија славеше минимално, тогаш со два, сега со еден разлика (123-122) со тоа што ноќеска му беа потребни и дополнителни пет минути. Продолжението го обезбеди Богдан Богдановиќ кој погоди две тројки во низа во финишот, откако претходно шутираше 0/6.
Колку беше израмнет и возбудлив натпреварот, најдобро зборува тоа што ниедна екипа немаше двоцифрена предност, а екипите се менуваа во водство дури 37 пати, а во 13 наврати резултатот беше израмнет. Последната промена се случи на една стотинка пред последниот звук на сирената кога Мареј погоди преку Џру Холидеј од врвот на рекетот, за конечни 123-122.
Тоа беше награда за фантастичната партија на Мареј кој постигна 44 поени, 7 скока и 7 асистенции, како убедливо најдобар играч на натпреварот. На Бостон не му стигнаа 31 поен, 13 скока и 6 асистенции од Џејсон Тејтум, но и овој пораз нема големо значење за Селтикс кој веќе го обезбеди првото место на Истокот и е многу блиску до првата стартна позиција во лигата пред плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Бостон 123-122
Њу Орлеанс – Милвоки 107-100


