Навивачите на Задар му приредија изненадување на македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ на прославата на шампионската титула.
Дел од нив почнаа да ја пеат македонската навивачка химна „Излези момче право на тераса“ како поздрав за нашиот кошаркар кој од лани е член на овој тим.
„Тие почнаа да пеат, ме изненадија навистина. Потоа и јас продолжив со нив“, изјави Мекиќ за КОШ.МК.
За репрезентативецот тоа беше втора шампионска титула со тимот на Задар, а претходно има пет освоени со тимот на МЗТ Скопје во македонското првенство.


