Екипите на Индијана Пејсерс и Њујорк Никс ќе се сретнат меѓу себе во полуфиналето на Источната конференција откако ноќеска ги поминаа првите пречки.
Индијана за првпат по 2014 година ќе игра во оваа фаза од плејофот, а пласман избори со триумфот во шестиот меч од серијата против Милвоки со 120-98. Во текот на целата серија, Бакс беа без својот најдобар играч Јанис Адетокунбо кој има повреда на листот, па сезоната за него заврши уште пред да се појави на теренот во плејофот. Се врати Лилард, но тој сам не успеа да му го продолжи животот на својот тим.
Оби Топин ја предводеше Индијана со 21 поен, Меконел додаде 20 поени, а Халибартон оствари дабл дабл со 17 поени и 10 асистенции. Лилард го предводеше Милвоки со 28 поени, а Боби Портис додаде 20 поени со 15 скока.

Сезоната заврши и за Жоел Ембид чија Филаделфија исто така со 2-4 загуби, од Њујорк Никс. Синоќа, во Пенсилванија, Никс славеа со 118-115, пред се благодарение на Џејлен Брансон кој постигна 41 поен и 12 асистенции што беше негов трет натпревар по ред со најмалку 40 поени.
Ембид беше најдобар играч кај Сиксерс со 39 поени и 13 Скока, Хилд доаде 20 поени, а Макси само 17 што е премалку во однос на оние 46 од претходниот натпревар.
Њујорк ќе ја има предноста на домашниот терен во серијата против Индијана, а првиот меч се игра в понеделник навечер во Медисон Сквер Гарден.


