Екипата на Далас Маверикс дојде на само една победа до пласман во финалето на Западната конференција по брејкот што ноќеска го направи Оклахома, совладувајќи ја со 104-92.
Убедливо најзаслужен за триумфот е Лука Дончиќ кој оствари нов трипл дабл во оваа серија, со 31 поен, 11 асистенции и 10 скока. Освен што беше незадрлжлив во нападот, Словенецот се истакна и во одбрана и тоа во клучните моменти, на 55 секунди пред крајот кога го изблокира Шеј Гилџес-Александер во еден контранапад, гасејќи ги со тоа сите надежи на домаќинот дека може да дојде до победа.
Триумфот на Далас е апсолутно заслужен ако се знае дека тимот од Тексас беше во водство безмалку цел натпревар, најмногу со 18 поени разлика (89-71). Оклахома успеа да направи серија од 12-1 и да се доближи на -7, но не ја загрози победата на гостите.
Покрај Дончиќ, се истакнаа и Џонс со 19 и Ирвинг со 12 поени, а дабл дабл остварија Лајвли и Вашингтон. Кај Оклахома, Гилџес-Александер стигна до 30 поени, 8 асистенции и 6 скока, додека Холгрем постигна 13. Петтиот меч од серијата се игра во Далас, в недела рано наутро и тоа ќе биде прва шанса за Мавс да обезбеди пласман во финалето.


