НБА шампионот Денвер Магетс го доживеа вториот пораз во низа откако загуби од Милвоки со 95-112.
Натпреварот го одбележа балканскиот дуел меѓу Јанис Адетокунбо и Никола Јокиќ, а кој му припадна на грчкиот кошаркар. Суперѕвездата на Милвоки постигна 36 поени и 18 скока сп пет асистенции, додека српскиот репрезентативец заврши со 29 поени, 12 скока и 8 асистенции. Да биде проблемот за Денвер поголем, се повредија Џамал Мареј и Кентавиус Колдвел Поуп, па тие не играа во второто полувреме.
Милвоки можеше да слави уште поубедливо бидејќи по три четвртини игра водеше со 28 поени разлика, но последната четвртина ја доби Денвер со 32-21 и се избори за поднослив пораз. Од друга страна, поразително за Денвер е и тоа што со исклучок на Јокиќ потфрлија главните кошаркари. По првото полувреме резултатот беше 60-44 со тоа што Јокиќ постигна 23 поени, останатите првотимци само седум, а играчите од клупата 14. Во второто полувреме и Србинот затаи, реализира само шест поени.
Кај Милвоки се истакна уште Лилард со 18 поени, додека во тимот на Денвер по Јокиќ беше Гордон со само 14 поени. Денвер сега е на четвртата позиција на табелата на Западот со една победа помалку, но и натпревар повеќе од лидерот Минесота. Милвоки е трет на Истокот со биланс 35-19, далеку од првопласираниот Бостон.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Индијана 111-102
Кливленд – Филаделфија 121-123
Атланта – Чикаго 126-136
Торонто – Сан Антонио 99-122
Хјустон – Њујорк 105-103
Мемфис – Њу Орлеанс 87-96
Милвоки – Денвер 112-95
Далас – Вашингтон 112-104
Јута – Голден Стејт 107-129
ЛА Клиперс – Минесота 100-121


