По пропуштениот меч против Хјустон поради повреда на лактот, Никола Јокиќ се врати во составот на Денвер и повторно оствари трипл дабл.
Неговиот тим како гостин славеше со 133-113, а Јокиќ иако не играше во последната четвртина, постигна 24 поени, 12 скока и 10 асистенции. Својот трипл дабл го најави уште во првата четвртина која ја заврши со 8 поени, 7 скока и 5 додавања, а во натамошниот дел во лесен ритам се погрижи Денвер да победи и тој да стигне до вообичаениот ефект.
Нагетс уште во првото полувреме создадоа убедлива предност, со 67-55, а во последната четвртина го докусурија домашниот тим. Со тоа стигнаа до 25. победа во сезоната и останаа во игра дури и за второто место во Западната конференција.
Покрај одличното издание на Јокиќ, се истакна и Џамал Мареј кој постигна 30 поени, 8 асистенции и 7 скока. Кај Мајами, најефикасен беше Тајлер Хиро со 22 поена. Џими Батлер ја издржа суспензијата од седум меча и се врати во тимот на Хит, а го заврши натпреварот со 18 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Орландо 121-94
Њујорк – Минесота 99-116
Милвоки – Торонто 130-112
Мајами – Денвер 113-133
Чикаго – Шарлот 123-125
Њу Орлеанс – Јута 136-123
Далас – Оклахома Сити 106-98
Сан Антонио – Мемфис 112-140
ЛА Лејкерс – Бруклин 102-101


