По пауза од една недела поради Ол стар викендот, продолжија натпреварите во НБА лигата, а Никола Јокиќ очигледно одморен оствари уште едно големо достигнување во кариерата.
Денвер го победи Вашингтон со 130-110, а српскиот репрезентативец го оствари 121. трипл дабл во кариерата, постигнувајќи 21 поен, 19 скока и 15 асистенции. Со ова, Јокиќ го сврте кругот и сега има трипл дабл против сите екипи во лигата. Му недостасуваше само Вашингтон и успеа против него да го направи тоа, во вториот меч оваа сезона. Трипл дабл против сите екипи во лигата имаат само уште Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.
Освен ова, Јокиќ шутираше 10/10 од игра и со тоа стана прв кошаркар во историјата на НБА кој на еден натпревар постигнал 20+ поени, 15+ скока и 15+ асистенции со 100% шут од игра. На целиот меч промаши само еднаш и тоа од линијата за слободни фрлања (1/2).
Најефикасен на мечот беше Кајл Кузман од екипата на Вашингтон со 31 поен, плус 12 скока, додека кај Денвер, Портер оствари дабл дабл со 22 поена и 11 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Орландо 109-116
Индијана – Детроит 129-115
Филаделфија – Њујорк 96-110
Торонто – Бруклин 121-93
Далас – Феникс 123-113
Чикаго – Бостон 112-129
Њу Орлеанс – Хјустон 127-105
Оклахома – ЛА Клиперс 129-107
Денвер – Вашингтон 130-110
Јута – Шарлот 107-115
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 128-110
Сакраменто – Сан Антонио 127-122


