Стив Кер се врати на клупата на Голден Стејт откако присуствуваше на погребот на Дејан Милојевиќ и го однесе тимот до триумф на гостувањето кај Јута со 140-137.
Најдобар играч на натпреварот беше Клеј Томпсон кој постигна 35 поени, вклучувајќи седум тројки, а додаде уште 6 скока и 2 асистенции. Пресудна беше втората четвртина во која Вориорс реализира 48 поени и на пауза замина со предност од 13 разлика. Во финишот од мечот Јута се доближи на само еден поен негатива, но не успеа да го комплетира пресвртот.
Се истакна и Грин со 23 поени, а Кари оствари дабл-дабл со 16 поени и 10 асистенции. Во тимот на Јута, Секстон постигна 35 поени, Џорџ 33, а Марканен 20 поени со 14 скока.
За Кер ова беше 500. победа како предводник на Голден Стејт, а стана петти најбрз тренер кој стигнал до оваа бројка во кариерата. Кер е тренер на Голден Стејт од 2014 година и со овој тим освои четири шампионски титули. Во сезоната 2015/16 постави рекорд на НБА со биланс 73/9, но во корона-сезоната 2019/20, Вориорс под негово водство остварија само 15 победи на 65 натпревари.
РЕЗУЛТАТИ
Мемфис – Милвоки 113-110
Јута – Голден Стејт 137-140
Портланд – Минесота 91-128


