Скоти Вилбекин требаше да биде еден од најзначајните играчи на Фенербахче во обидот неговиот тим да се пласира во финалето од Евролигата, но тотално разочара во дуелот со Панатинаикос.
Американецот кој игра за репрезентацијата на Турција постигна само два поена со шут 1/5 за два и 0/5 за три. Оствари два скока и две асистенции, но загуби девет топки и направи три лични грешки за неверојатен индекс од минус 9.
Тоа е најлош ефект на еден играч на натпревар од Ф4 од Евролигата во историјата на ова натпреварување. Досегашниот негативен рекорд го држеа Серхио Родригес и Никос Хацивретас со минус 8.


