Легендарниот американски кошаркар Винс Картер ќе добие највисока почест од франшизата каде ја почна својата професионална кариера.
Торонто Репторс објави дека ќе го повлече од употреба неговиот дрес со број 15, а свеченоста по тој повод ќе се одржи на 2 ноември, за време на натпреварот против Сакраменто Кингс. Картер беше член на единствениот канадски тим од 1998 до 2004 година, а Репторс го избраа како петти пик на драфтот. Картер ќе биде првиот играч кому Торонто ќе му го повлече дресот во 29-годишната историја на франшизата.
Минатата недела и Бруклин Нетс објави дека ќе го повлече од употреба бројот на Картер. Во својата кариера тој играше уште за Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта, а а активен беше вкупно 22 сезони.


