Откако вчера соопшти дека Душко Ивановиќ е назначен за нов тренер, Виртус денеска објави дека црногорскиот стручњак ќе ја води екипата против Црвена Звезда во мечот кој се игра денеска.
Ако тоа навистина се случи, ќе биде прекршување на правилата на Евролига бидејќи според нив, Ивановиќ нема право да биде на клупата за вечерашниот дуел.
Welcome coach 🦾
— Virtus Segafredo Bologna (@VirtusSegafredo) December 6, 2024
See you tonight 👀 pic.twitter.com/YKSmDyXpup
„Рокот за регистрација, како н играчите, така и на сите членови на стручниот штабм истекува во 18 часот на ден пред првиот натпревар од колото“, пишува во правилникот на Евролига.
Првиот меч од 14. коло на елитното кошаркарско натпреварување се одигра синоќа во 18 часот што значи дека рокот за пријавување играчи и тренери завршил во средата во 18 часот, период кога Лука Банки уште беше шеф на стручниот штаб на Виртус. Можеби во италијанскиот клуб погрешно ги толкуваат правилата, но вечерва ќе се знае дали 67-годишниот стручњак навистина ќе ја води екипата.
Без разлика на тоа, в недела сигурно нема да го води Виртус во дербито против Олимпија Милан затоа што мора да има лиценца од Кошаркарската федерација на Италија, а во оваа држава досега никогаш не работел.


