Поранешниот италијански и европски шампион Виртус избегна банкрот и претстојната сезона ќе настапува во Евролигата.
Неодамна генералниот спонзор Сегафредо, предводен од претседателот на клубот Масимо Занети, објави дека се повлекува од Виртус што претставуваше тежок удар за екипата од Болоња. Сепак, познатиот бизнисмен во меѓувреме ја промени одлуката, ќе го скрати буџетот, но ќе продолжи да го финансира клубот.
Претстојната сезона тој ќе инвестира 6 милиони евра што е половина во однос на минаатата. Виртус ќе го промени името на арената која нема да го носи името Сегафредо, а веројатно ќе бидат намалени и амбициите.
Што се однесува до Евролигата, многу веројатно за идната сезона ќе извиси Валенсија, освен ако Алба остане на својот став и не уплати милион евра за специјална покана.


