Кошаркарските турнири во машка и женска конкуренција се едни од најатрактивните во екипните спортови на Олимписките игри и досега привлекуваат огромен интерес од љубителите на овој спорт
Натпреварите од групната фаза се играа во Лил и тоа на фудбалски стадион кој беше адаптиран во спортска сала и со капацитет од над 27 илјади места. Како резултат на тоа, На 36 одиграни дуели на „Пјер Мороа“ биле присутни 876.686 гледачи. Дуелите од машкиот турнир ги проследија 466.053, а на женскиот 410.633 гледачи.
Ако и нокаут фазата се играше во Лил, сигурно ќе паднеше олимпискиот рекорд кој важи од Атланта 1996 година кој изнесува 1.068.032 гледачи бидејќи нема сомнение дека трибините ќе беа исполнети до последното место. Сепак, турнирот се сели во Париз, во салата Берси која има многу помал капацитет и тој изнесува „само“ 13 илјади места.
За да падне рекордот, потребни се 191.346 гледачи, додека максималниот број посетители, во случај трибините да бидат исполнети до последното место на сите преостанати 16 натпревари изнесува 208 илјади.


