Барселона утре го пречекува Реал во првото Ел Класико сезонава, а мадридскиот тим би можел да биде драстично ослабен под кошевите.
На денешната прес-конференција, тренерот Серџо Скариоло објави дека Валтер Таварес е болен и неизвесно е дали ќе настапи на утрешниот меч. Репрезентативецот на Зеленортските Острови го пропуштил денешниот тренинг и Скариоло изјави дека утре ќе се знае дали ќе истрча во Блауграна.
Освен Таварес, сигурно е дека на утрешното Ел Класико нема да настапат Давид Крамер и Чума Океке, првиот добил удар на вчерашниот тренинг, а цвториот има повреда на скочниот зглоб поради кој не може да тренира нормално.


