Легендите на македонската кошарка Војдан и Дамјан Стојановски потпишаа договори на уште една година со МЗТ Скопје.
Тоа значи дека и претстојната сезона ќе го предводат тимот од Аеродром кон одбрана на тројната круна во домашната кошарка, но и во обидот да се врати во елитната дивизија од АБА. Дамјан останува капитен и 11. сезона во МЗТ, а Војдан ќе ја игра четвртата сезона, трета цела.
МЗТ Скопје има комплетиран половина ростер бидејќи под договори се уште Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.


