Поранешниот европски шампион Партизан ја потврди фаворитската улога против Војводина и обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Србија.
„Црно-белите“ славеа со 85-69, но до почетокот на последната четвртина Војводина беше на еден посед негатива и многу блиску до сензација. На крајот до израз дојде искуството, последните десет минути Партизан ги доби со 26-12 и до триумф кој го носи меѓу четирите најдобри во домашниот Куп каде ќе игра против Мега.
На овој натпревар, на клупата на Војводина дебитираше македонскиот стручњак Владимир Мирковски кој во понеделникот го презеде тимот од Нови Сад.


