Шпанскиот стручњак Жозеп Марија Берокал денеска беше претставен како нов селектор на македонската репрезентација и веднаш ги почна мини-подготовките пред двата претстојни натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Националниот тим до петок ќе тренира во Градски парк каде и ќе го пречека Луксембург, а со денешниот тренинг официјално почна новата ера во македонската репрезентација. Берокал е прв Шпанец-селектор на Македонија и шести странец по Јовица Арсиќ, Алеш Пипан, Александар Ѓикиќ, Драган Раца и Драган Бајиќ.
Во Градски парк тренираат 14 кошаркари од кои Берокал ќе треба да ги избере финалните 12 кои ќе излезат на мегдан со Луксембург.


