Пред десетина Њујорк Никс ја изненади целата кошаркарска јавност откако му додели отказ на тренерот Том Тибодо иако тој го однесе тимот во првото конференциско финале по 25 години.
Најавите беа дека менаџментот има идеја како да ги однесе Никс на едно повисоко ниво, но времето минута, а франшизата која има најмногу навивачи во светот не престанува секојдневно да се бламира. Не само што треба да му плати отштета од 30 милиони долари на Тибодо за предвремен раскин на договорот, туку не може да најде тренер кој ќе го замени на клупата. Досега директорите побараа дозвола за преговори со четворица тренери кои веќе имаат ангажман, но од сите добија „корпа“. Тоа го предизвика легендарниот Чарлс Баркли жестоко да ги искритикува Никс, односно менаџерите кои го водат и кои ги носат одлуките.
„Во Никс работат најглупавите луѓе на светот. Не се отпушта тренер ако немаш план Б за негова замена“, вели Баркли.
Досега Никс добија забрана за преговори со тренерите на Далас, Хјустон, Милвоки и Минесота, а дозвола дадоа само Бакс и тоа за нивниот помошен тренер Дарвин Хем со тоа што ако биде постигнат договор, франшизата од Њујорк треба да плати отштета. На Никс не им одговара такво нешто и веднаш се откажаа.


