Како што најави пред два дена, советникот во Општина Центар, Ненад Матевски денеска ја поднесе инцијативата за спас на Кошаркарскиот клуб Работнички.
Матевски побара на 15-кратниот шампион на Македонија да му бидат одобрени дополнителни 4 милиони денари со кои би се одблокирала сметката на клубот и тој би можел непречено да работи, а воедно и на кошаркарите и стручниот штаб ќе им бидат исплатени дел од заостанатите плати.
Како што објасни Матевски, тој добил поддршка од осум советници и наскоро може да се очекува вонредна седница на оваа тема.


