Ноќеска, на полноќ, официјално помина рокот во кој Карлик Џонс можеше да најде клуб во НБА и таму да ја продолжи кариерата.
Со тоа што на негова адреса не стигнала ниедна понуда од САД, негова следна станица ќе биде Партизан, како едно од (засега) 11. засилувања во пресрет на новата сезона. Имаше најави дека постои интерес од Чикаго Булс кој е еден од поранешните екипи на Џонс, но сето тоа останало само на најави.
Карлик Џонс е репрезентативец на Јужен Судан и ќе настапи на Олимписките игри во Париз. Иако и лани на Светското првенство играше одлично, вниманието на светската кошаркарска јавност ја привлече минатиот викенд кога оствари трипл дабл во пријателскиот дуел против САД, како прв играч во историјата кому му успеало тоа. Од тие причини, навивачите на Партизан очекуваат тој да биде огромно засилување во пресрет на новата сезона и значаен адут во борбата за највисок пласман во сите натпреварувања во кои ќе учествуваат „црно-белите“.
Партизан досега официјално претстави само тројца кошарка: Вања Маринковиќ, Ифе Лундберг и Франк Нтиликина. Трансферот на Џонс синоќа го потврди и претседателот Остоја Мијаиловиќ, а потпишани, но непретставени се уште Тајрик Џонс, Брендон Дејвис, Ајзеа Мајк, Марио Накиќ, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Аријан Лакиќ.

