Низ годините поминати во македонската елитна дивизија, како и во меѓународните натпреварувања, ТФТ имаше можност да покаже дека максимално сериозно пристапува кон изградбата на тимот во секоја сезона посебно.
Особено е важен изборот на странските кошаркари кои најчесто го сочинуваат столбот на екипата, а раководството, стручниот штаб и менаџментот ретко грешат по ова прашање. Доказ за тоа е патот по кој потоа одат овие кошаркари бидејќи речиси сите потоа заминаа во (по)силни лиги и направија добри кариери.
Landrius Horton is officially locked in with @LondonLions 💥#RoadToGreatness pic.twitter.com/JpHtmj59zC
— BKT EuroCup (@EuroCup) July 7, 2026
Минатата недела Рејмонд Сомервил потпиша договор со литванскиот Нептунас и ќе игра во Еврокупот, а во истото натпреварување ќе учествува уште еден поранешен играч на ТФТ. Станува збор за Лендриус Хортон кој го носеше „црно-белиот“ дрес од 2020 до 2022 година и со него во тимот, ТФТ оствари големи успеси, вклучувајќи го и освојувањето на Купот на Македонија. Од Скопје, тој замина во Шведска, неколкупати клубот сакаше да го врати, но тој остана и се чини дека не погреши.
Од денеска, Хортон е член на британскиот тим Лондон Лајонс со кого, како и Сомервил, ќе игра во Еврокупот. Во клубот се уверени дека направиле одличен потег со овој трансфер и очекуваат Хортон да биде еден од носителите на играта.


