Дуелот меѓу Академија ФМП и Вардар директно одлучува кој ќе биде вториот тим кој, покрај Охрид, ќе испадне во Втора лига. Двете екипи влегуваат со по 32 бода во овој дуел и оној што ќе триумфира, многу веројатно и догодина ќе настапува во елитата. Напреварот се игра од 18 часот во Кисела Вода.


