Дербито на дното во 17. коло од Првата македонска кошаркарска лига се игра во Кисела Вода каде Академија ФМП го пречекува Вардар. Една од овие две екипи ќе се одлепи од конкурентите бидејќи четири тима во моментов имаат ист биланс (3/13). Натпреварот меѓу ривалите за опстанок се игра од 18 часот.


