Од 21 часот во Чаир се игра второто полувреме од дуелот меѓу истоимениот домашен тим и МЗТ Скопје. Натпреварот оригинално беше закажан за четвртокот, се одиграа 20 минути по што имаше прекин поради напад на гостинските кошаркари во соблекувалната. Во моментот на прекинот, резултатот беше 44-42 за МЗТ Скопје.


