Со водство од 2-0 во серијата, Пелистер денеска гостува во Кавадарци во обид експресно да стави крај и да обезбеди пласман во полуфиналето. Еуро Никел нема друг избор, освен да триумфира, ако сака да си ја продолжи сезоната. Натпреварот меѓу Еуро Никел и Пелистер се игра од 18 часот.