Љубителите на кошарката во Гостивар вечерва имаат можност да го поздрават актуелниот шампион во можеби последниот натпревар на својот омилен тим сезонава. МЗТ Скопје оди на гости со предност од 2-0 и ако денеска триумфира, ќе обезбеди пласман во полуфиналето и пресметка со ТФТ. Натпреварот во Гостивар се игра од 19 часот.


