Уште еден од дуелите за опстанок во Првата лига се игра во Гостивар каде домашниот тим го пречекува Вардар. Гостите се во серија од 12 порази и закован на последното место на табелата, но евентуална победа денеска може да го врати во игра за осмата позиција. Мечот во Гостивар се игра од 19 часот.


