По минатонеделниот триумф на гости кај Вардар, Кожув има можност да ја продолжи борбата за осмата позиција, последна која води во плејофот. Противник е ривалот за опстанок Академија ФМП која исто така брка победа што ќе ја остави во игра за место во разигрувањето. Натпреварот во Гевгелија почнува во 18 часот.


