Во последните пет кола од плејаутот, претстои тешка борба за опстанок бидејќи три екипи се на само еден бод разлика. Прв меѓу нив е Кожув кој пред својата публика има можност да направи голем чекор кон спасот, со евентуален триумф вечерва. Охрид може да ја направи уште подраматичната борба ако успее да слави. Натпреварот во Гевгелија почнува во 18 часот.


